Марш на штикли – Украинското министерство за одбрана мета на критики поради ваквата одлука – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/21 3:54 PM

Марш на штикли – Украинското министерство за одбрана мета на критики поради ваквата одлука

Плановите на украинското министерство за одбрана војничките на парадата следниот месец да маршираат на високи потпетици наместо во војнички чизми, предизвика лавина негативни реакции во јавноста.

Ирина Герашченко, опозициски член на парламентот, го нарече потегот сексистички и запраша зошто министерството мисли дека чевлите со високи потпетици се поважни од дизајнирањето заштитни делови за воени униформи и обувки по мерка на жените.

Украина се припрема за воената парада на 24. август која ќе се одржи по повод 30 години независност од распадот на Советскиот сојуз.

Министерството за одбрана тврди дека чевлите се дел од пропишаната униформа.

Многу украинци се шокирани од ваквиот план, а група претставници го повикаа министерот за одбрана Андри Таран да се извини.

Во украинските вооружени сили има повеќе од 31.000 жени, вклучувајќи и повеќе од 4000 офицери.

 

извор: Н1.хр