Трагедија на Алпите: Две жени се смрзнаа на над 4000 метри надморска височина – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/21 12:41 PM

Трагедија на Алпите: Две жени се смрзнаа на над 4000 метри надморска височина

Две жени замрзнаа на Алпите на над 4000 метри надморска височина во близина на италијанско-швајцарската граница, соопштија спасувачите од регионот Аоста во северозападна Италија.

Мажот кој бил со двете жени кои настрадаа, синоќа со хипотермија и смрзнатини е префлен во швајцарска болница.

Тројцата инаку биле на планинскиот масив Монте Роса на Пенинските Алпи, чиј највисок врв е Дуфурспице, на повеќе од 4.630 метри надморска височина.

Спасувачките служби наведуваат дека тројцата се воделе како исчезнати. Пронајдени биле на понискиот врв на италијанската страна на Висентската пирамида, по што биле однесени до блиска колиба. Екстремните временски прилики и силните ветрови ја отежнале операцијата за спасување, а хелихоптерот можел да слета дури во текот на ноќта.

Спасувачите неуспешно се обидувале да ги оживеат двете жени.

 

извор:дневник.хр