Алегри: Реал е сон, но му дадов збор на Јувентус – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 7:12 AM

Алегри: Реал е сон, но му дадов збор на Јувентус

Јувентус и Реал Мадрид во претходните сезони имаат навистина добра соработка и резултираа со голем трансфер на Роналдо во тимот од Торино.

Во текот на летото, се појавија информации дека тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри ќе го презеде раководството на Реал по заминувањето на Зинедин Зидан, но тоа на крајот не се случи.

Аллегри признава дека сон му е да го тренира Реал, но и дека мораше да ја одбие понудата на Реал поради Јувентус.

“Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот, но јас му дадов зборот на Јувентус”, рече Алегри, додавајќи:

“Горд сум на самиот факт дека бев сакан во Реал, но морав да ја одбиам понудата, бидејќи дадов ветување и збор на претседателот Андреа Ангелу. Постојат две причини зошто го одбив Реал, почитување на Јувентус и одржување на зборот. Овие аргументи беа доволни да го одбиам Реал “рече Алегри.

Така, овој 50-годишен експерт ќе продолжи да ја води Старата дама. Тој влезе во својата петта сезона и четири пати ја освои титулата шампион на Италија.