Светската метеоролошка организација (СМО) потврди нова рекордна температура на Антарктикот – 18,3 Целзиусови степени, измерена на 6. февруари 2020 година во аргентинската станица Есперанца на Антарктичкиот полуостров.
Претходниот рекорд беше 17,5 Целзиусови степени измерени на истото место во 2015 година.
СМО го прифати рекордот од 18,3 степени, но ја одби уште повисоката температура од 20,75 степени која беше пријавена на девети февруари 2020 година од автоматскат станица за мерење на мразот на островот Сејмур во Галапагос.
Рекордот за регионот Антарктик, што значи целиот мраз и копно јужно од 60 степени географска ширина, е 19,8 степени – измерени во 1982 на малиот остров Сигна кој е дел од Јужно Оркниските острови.
Антарктикот е 14 милиони квадратни километри или околу два пати поголем од Австралија.
Просечната температура се движи од -10 степени на брегот на Антарктикот до -60 на највисоките делови на ентериерот.
Ледената плоча е дебела и до 4,8 километри и содржи 90 отсто од светската свежа вода, што е доволно да се подигне нивото на морето за околу 60 метри ако се стопи.
извор: индепендент