За првпат по скоро три децении репрезентацијата на Данска се пласираше во самата завршница на еден голем интернационален турнир. Победата над Германија во финалето во Гетеборг во 1992 година и освојувањето на Европското првенство, во голема мера ја шокираше фудбалската јавност, особено ако се земе предвид на кој начин дојдоа до посакуваниот трофеј (влијанието на политиката и исклучувањето на Југославија од Европскиот шампионат).
Триесет години потоа, цврстите и одлучни Скандинавци решени се да направат уште еден подвиг и два финални исчекори. Бавниот старт во групите воопшто не навестуваше дека Данска ќе биде еден од четирите полуфиналисти на овој одложен континентален шампионат, а уште повеќе дека Данска ќе стигне до „Вембли“ со убедлива игра и теренска надмоќност врз своите опоненти.
“Alexa, show me #DEN scenes”#EURO2020pic.twitter.com/gndQSLaAPI
— Goal (@goal) July 3, 2021
Огромната победа над Чешка, на улиците на Копенхаген беше прославена онака како што доликува. Еуфорично, со многу изблици на среќа и радост, прегратки и „дожд од пиво“.
„Студените Данци“ можеби го заслужуваат тој епитет за други сфери во животот, но кога се работи за фудбал – е тука мора да има исклучок.
Фото:
Twitter / @goal / Screenshot