Не ни почнавме да се навикнуваме на 5G, а веќе се зборува за 6G мрежа. Во САД, 5G мрежата сега е „главна“ и целата држава е покриена со новата мрежа. Ширум светот, 5G напредува и тоа можеме да го забележиме по паметните телефони и по тоа како брзо созрева бежичната технологија.
Секоја мрежа има рок на траење отприлика една деценија, поточно секоја нова генерација, па рано е да се очекува дека 6G мрежата ќе се појави во оваа деценија.
Сепак, веќе се зборува на таа тема, бидејќи на „Mobile World Congressu“ се сретнале научници и разговарале за развојот на таа мрежа и како ќе течат подготовките за имплементација.
Директорот на „Qualcomma“, Тингфанг Џи, човекот кој има повеќе од 800 патенти под своето име, изјавил дека луѓето ќе можат да го почувствуваат 6G и дека таа мрежа ќе може да ја почувствува нашето опкружување.
-Потенцијалната 6G мрежа ќе биде далеку побрза од 5G и ќе претставува врска помеѓу реалниот и дигиталниот свет, па така вашиот телефон ќе знае сè што се случува во дадениот момент околу вас, вели Џи.
Џи ја нарече 6G мрежата „радар“, многу помоќен одошто сегашниот. Фрекфенцијата на 6G мрежата ќе биде 1.000 пати побрза од гигахерцот.
Извор:
b92.net
Фото:
consumer.huawei.com