За колку пари Аркан ја купил Цеца? Откриени детали од свадбата на деценијата по 26 години – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/21 8:08 PM

За колку пари Аркан ја купил Цеца? Откриени детали од свадбата на деценијата по 26 години

Поранешниот командант на Српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ Аркан и Светлана Цеца Ражнатовиќ се венчаа на 19 февруари 1995 година, а оваа свадба беше именувана како „свадба на деценијата“. Стотици насловни страници беа полни со нивни слики, додека целата церемонија се емитуваше на телевизија, а сепак сите сè уште зборуваат за една сцена – купувањето на невестата!

Главната улога во тој филм ја имале Аркан и сестрата на Цеца, Лидија Величковиќ, денес Ококоциќ. Аркан дошол со неговиот кум и сватовите пред варатата од собата каде што била невестата, и прво извадил неколку  стотици  германски марки, а Лидија рекла дека тоа  не е доволно.

“Малку е! Ја сакате најдобрата невеста, епа платете!”, рекла Лидија.
„Ајде Лидо, повеќе!“, извикале гостите.

Светлана Цеца Ражнатовиќ тогаш повикала едно момче кое пред неа отворило актовка, во која имало огромна сума пари и скапа нараквица со дијаманти, но ниту тоа не и било доволно на Лидија, па младоженецот од рака го извадил златниот часовник и вреден прстен од раката, а исто тоа го направиле и неговите пријатели.

Во тоа време се проценуваше дека вредноста на сите наведени работи заедно го надминува износот од половина милион марки.

Лидија конечно попуштила, па Аркан ја отворил вратата, а Цеца го чекала во собата во традиционална носија. Кога ја купиле невестата, започнал традиционалниот обичај да се дарува невестата, а потоа Цеца била изнесена од семејниот дом од нејзиниот татко Слободан. Оттаму заминале за Белград во црквата „Св. Архангел Гаврил“, каде што се одржала црковна венчавка.

Извор и фото: espreso.co.rs