Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основни и средни училишта – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/21 10:13 AM

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основни и средни училишта

Министерството за здравство денека соопшти дека од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата.

– Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година, се додава во соопштението.

Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо-образовните институции.

МИА