Утре свежо со температури до 30 степени – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/21 5:11 PM

Утре свежо со температури до 30 степени

Утре променливо облачно и посвежо, претпладне и околу пладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. УВ= 7

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Од недела следува период на стабилно време, освен во понеделник кога ќе има краткотраен локален дожд. Температурата ќе биде во постепен пораст.