Жозе Мурињо повторно се врати во Италија, но овојпат не во црно-синиот дел од Милано, туку во италијанската престолнина. По добиениот отказ во Тотенхем непосредно пред финалето од Лига Купот против Манчестер Сити, на португласкиот стратег и еден од најдобрите во историјата на фудбалот, не му требаше многу време за нов професионален ангажман.
Некогашниот предводник на Челзи, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Интер и Порто, денес пристигна во Рим пред официјалното претставување на „Олимпико“. Мурињо при слегувањето од авионот се сретна со челниците на „волчицата“ и доби шал со боите на клубот, а потоа беше громогласно отпоздравен во два наврати од тифозите на Рома.
What a reception! 🤯
Roma fans were *very* excited to see Jose Mourinho arrive at the club today as he prepares for his first season in charge of the Serie A side! 🇮🇹 pic.twitter.com/2vVrPl7Nqd
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 2, 2021
Првиот пат Португалецот движејќи се со автомобилот доби аплаузи и извици на неговото име, но потоа и на местото каде што маркетинг тимот на екс-шампионот на Италија решил да ја направи неговата промоција.
👋 Il saluto di José Mourinho ai tifosi presenti a Trigoria 💛❤️#ASRoma pic.twitter.com/u8EbdEJGNq
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 2, 2021
Пред да тргне за Рим, Мурињо за официјалниот „Твитер“ профил на Рома сними кратко видео во кое им се обраќа на навивачите на италијанскиот големец.
-Здраво фанови на Рома, сега ќе ги спакувам куферите и се гледаме наскоро, рече Мурињо.
Роден во Сетубал, Португалија, Жозе Мурињо обележува една цела фудбалска епоха на модерниот фудбал. Титулата во Лигата на шампионите со Порто и Купот на Уефа, го вивнува помеѓу европскиот и светски тренерски крем. Со екипата на Челзи трипати, но во два мандати, ја освојува Премиер Лигата, ФА Купот и Лига Купот. Во 2010. година со тимот на Интер, Мурињо успева да го направи она што никој дотогаш го нема направено во Италија. „Триплете“ на најдобар можен начин, освојувајќи Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони во една сезона.
Португалскиот мастермајнд со Манчестер Јунајтед го освојува второто по квалитет клупско натпреварување во Европа, додека пак со Реал Мадрид претходно се искачува на врвот на Примера. Единствениот клуб каде што Мурињо не се закитил со некакво признание или трофеј е Тотенхем.
Фото:
Twitter / @FabrizioRomano
д.ј