Уапсен е потпретседателот на неонацистичката Златна зора – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/21 9:34 AM

Уапсен е потпретседателот на неонацистичката Златна зора

Уапсен е Христос Папас, вториот човек од раководството на грчката неонацистичка партија Златна Зора.

По неговото бегство во октомври минатата година, Папапас (59), бил приведен во атинскиот кварт Зографоу. Според јавниот радиодифузер ЕРТ, Папас наводно бил уапсен од антитерористичката полиција во домот на лице кое го засолнило.

Тој е пренесен од единицата за антитероризам во Генералната полициска управа во Атика.

На судењето за Златна зора, Папас беше прогласен за виновен и како водач на криминална организација и му беше изречена казна затвор од 13 години. По пресудата на 7 октомври 2020 година, со која Златна зора се смета за криминална организација, полицијата го стави под надзор раководството на партијата. Но, Папапас, се’ до вчера не можеше да се пронајде.

 

Катимирини