По пауза од една пандемиска година„Фјужн фестивал“ повторно се враќа на сцена. Во сабота, на трети јули пред платото на А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи под мотото- Се враќаме повторно за да се забавуваме заедно !!!
Главен гостин на “Фјужн Фестивал“ ќе биде техно легендата Адам Бејер, а публиката ќе се забавува и на Parry Hoter, Ampov, кој исто така се враќа на сцената, бо и Flooder, кој доаѓа повторно на фестивалот и за кого велат дека е подготвен да ја исполни публикагта со позитивни вибрации
– Ова лето слушаме само добра музика. Затоа не треба да се пропушти можноста за добра забава. По една година седење дома време е за на подиум, велат од фестивалот.
.
Фото: ibiza-spotlight.com