ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „компјутерска измама“, информираат од МВР.
-Пријавената, на работно место самостоен референт во Општина Радовиш, за нејзиниот брат И.Т. книжела фиктивни уплати за данок на имот, без за нив да постојат изводи, односно уплати. При извршен увид на финансиска картичка за даночен обврзник И.Т., за период од 2009 до 2020, како и во изводите за извршени уплати на општинска сметка, финансиската картичка и изводот на промет и состојба на сметката на Општина Радовиш, полициски службеници констатирале дека уплатите прокнижени на финансиската картица од 2011 до 2020, односно во изводите на ниту едно место не фигурирало името на И.Т. како уплатувач. Пријавената, злоупотребувајќи ја својата службена положба, во август и во октомври 2020 извршила промена со менување и внесување на невистинити податоци во финансовата картичка на даночниот обврзник И.Т.. Како доказ за извршена уплата, пријавената вметнувала податоци за наводно извршени уплати кои воопшто или не постојат или биле извршени од други лица за подмирување на сопствени даноци, кои пријавената ги прикажувала како уплати на нејзиниот брат. На тој начин му овозможила на И.Т. да се стекне со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Општина Радовиш, информираат од МВР