На застрашувачката снимка се гледа како 37-годишен маж од Јордан лета над површината на Црвеното Море, пред ајкулата ненадејно да скокна од водата и го фати со нога.
Човекот остана без задниот дел од нозете, како и неколку тетиви, а по нападот, мускулите му се скинати и скршени коските.
Итната служба го однела во воената болница каде што му била оперирана десната нога.
Неговата состојба е опишана како стабилна, пренесува Daily Mail.
https://www.youtube.com/watch?v=pPfDyemAprY
Мохамед Калил ал Забада од факултетoт за морски науки изјавил за локалните медиуми дека нападите на ајкула во Акаба се ретки. Постојат неколку видови на ајкули кои пливаат во Црвеното Море, но тие обично не пливаат во плитката вода во Јордан.
– Ајкулите се наоѓаат во сите мориња на светот, постојат многу видови на ајкули во Црвеното Море, но нивното присуство во регионот Акаба е многу ретко – рече тој.
Иако се ретка појава, во последниве години има неколку напади на ајкули.
Во октомври минатата година, ајкулата му искинала екстремитети на дванаесетгодишно момче и туристички водич на брегот на Египет. Групата пливаше со локалниот водич околу гребенот Рас Мухамдуд во Шарм Ел Шеик кога ајкулата каснала три лица од групата.
Извор: Телеграф.рс