Во денешниот билтен МВР информира дека вчера во кочанско малолетник со трактор предизвикал сооибраќајна незгода во која било повредено едно момче.
-Вчера во 12.15 часот во Полициската станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен Ф.В.(26) од Кочани, кој околу 12 часот во близина на селото Теранци, кочанско, се здобил со повреди од трактор во движење, управуван од малолетник од село Кучичино, кочанско. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, информираат од МВР.