Грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки најави дека од денес ќе се отворат сите конпнени гранични премини со соседните земји, вклучувајќи ги и премините со Македонија и тоа со 24-часовно време, но македонските власти немаат добиено никакво официјално известување за такво нешто.
– Ги зајакнуваме копнените граници, од денеска, копнените граници ќе работат 24 часа, изјави Захараки за грчката телевизија „Скај”.
Шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу соопштила дека од 1 јули граничните премини Промахонас, Евзони кај Гевгелија, Ники, Дојран, Кастањес, Орменио, Кипи, Нимфеа, Кристалопиги и Какавија.
– И до нас стигнуваат секакви информации, но ние немаме добиено официјален документ од грчката страна. Колегите секогаш официјално не известуваат за промените, но до ова попладне немаме никаква потврда за овие шпекулации – истакна за ММС, Јасминка Аврамска, командир на Граничкиот премин Богородица и додаде дека засега преминот Евзони функционира од седум часот наутро до 23 часот навечер.
Но, за да може да профункционираат граничните премини како што најавија државните функционери, потребно е министерската одлука да биде објавена во Службен весник на Грција.
Како и досега, во Грција можат влезат туристите кои ќе достават сертификат за примени две дози вакцина со услов втората доза против коронавирусот да биде примена минимум 14 дена пред поаѓањето, туристите кои имаат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа и туристите кои имаат потврда за прележан вирус стара помеѓу два и девет месеци од датумот на патувањето. Од неодамна додадена е и можноста да се премине границата со негативен антигенски брз тест кој е двојно поевтин од ПЦР-тестот.
Орце Костов