Зголемен интензитетот на сообраќај на автопатиштата – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 6:43 AM

Зголемен интензитетот на сообраќај на автопатиштата

Сообраќајот на патиштата денеска се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај поради летните одмори е зголемен. Од АМСМ информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.