Ги врати синовите, а сега Тања Савиќ објави среќни вести – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/21 8:58 PM

Ги врати синовите, а сега Тања Савиќ објави среќни вести

После 15 месеци, пејачката Тања Савиќ конечно успеа да ги врати своите синови Максим и Ѓорѓе во Србија.

Оттогаш, таа не се одделува од нив и се обидува да надокнади се што им недостасуваше претходниот период.

Денес е роденден на малиот Ѓорѓе, а по тој повод, Тања реши да му приреди прослава и многу изненадувања.

Таа ги собра неговите пријатели, се погрижи за специјална декорација, ја украси куќата со балони и нарача мала торта со фудбалски мотиви.

– Среќен роденден, сине! Љубов, среќа, радост, храброст – порача таа преку социјалните мрежи, со видео во кое заедно со децата пее роденденска песна, додека Ѓорѓе ги дува свеќите и си замислува желба.

Извор: Србијаданас.рс