Достоинствено, ненаметливо и усогласено со претседателот – Како изгледаше Елизабета Ѓорѓиевска на средбата во Загреб – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/21 6:46 PM

Достоинствено, ненаметливо и усогласено со претседателот – Како изгледаше Елизабета Ѓорѓиевска на средбата во Загреб

Специјално за ММС од Загреб, Вања Мицевска
Достоинствено и ненаметливо првата дама Елизабета Ѓорѓиевска го придружуваше претседателот Стево Пендаровски на првиот ден од официјалната посета на Загреб.
Она што се забележуваше е што првата дама беше облечена во склад со сопругот, со претседателот Пендаровски – таа во син костум, а тој носеше сина вратоврска.
ММС за детали се обрати во кабинетот на претседателот, од каде ни рекоа:
– Облечена во фустан со сина боја, сопругата на шефот на државата  симболично им оддаде почит на домаќините, имајќи предвид дека сината е една од боите на хрватското знаме. Интересно е и што нејзината облека беше усогласена со онаа на претседателот, кој на денешните средби носеше сина вратоврска. Костимот е изработен е од кројачката на Ѓорѓиевска, велат од кабинетот.
И хрватските медиуми го пофалија изгледот на Ѓорѓиевска.
-Првата дама на Македонија пристигна во едноставна, но сепак свечена комбинација. Нејзиниот сопруг исто така модно ја усогласи бојата на вратоврската и нејзината облека, пишуваат хрватските медиуми.
Модно беа ускладени и нивните домаќини. Со наслови „Зоки и Сања модно ускладени за да ги пречекаат гостите од Македонија“ хрватските медиуми ја пофалија и нивната прва дама Сања Мусиќ Милановиќ и претседателот Зоран Милановиќ, кои за разлика од нашите Бети и Стево, кои модно се ускладија со сина боја, хрватскиот пар тоа го направи со розова.
-Сања носеше розово здолниште во А-линија и салонки во иста боја и сина блуза, а интересно е што нејзиниот сопруг Зоран Милановиќ модерно се усогласи и избра розова вратоврска за оваа пригода, пишува хрватскиот 24 часа.
24sata.hr
-.