Нечиста вода се фекалии пијат жителите од тетовско – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/21 5:15 PM

Нечиста вода се фекалии пијат жителите од тетовско

Проблемот со загадената вода од селските водоводни системи никако да се реши. И натаму во голем дел од нив водата е микробиолошки загададена, односно има присуство на фекалии и ешерихија коли.

Податоците на Центарот за јавно здравје Тетово говорот дека над 65 отсто од водата од водоводните системи во руралните средини во тетовско имаат неисправна вода за пиење. Причината е јасна, неправилно одржување на овие системи

Системите кои ги одржуваат комуналните претпријатија се почисти, но голем дел од месните заедници не ги даваат водоводите на овие јавни претпријатија, затоа што како што велат тие сами со свои средства ги изградиле

Инаку два дена жителите на тетовска Брвеница се жалат на дијареа и повраќање. Првичните проценки се дека се работи за нечиста вода за пиење, од која се земени мостри и во текот на утрешниот ден се очекува да се објават резултатите.

З.Д.