Здравствени придобивки од боровинките – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/18 12:53 PM

Здравствени придобивки од боровинките

Богати со витамин Ц, со диетални влакна, но и со антиоксиданси, боровинките имаат исклучително позитивно влијание врз човековото здравје. Ова овошје со темно виолетова боја, кое потекнува од Северна Америка ги регулира масните клетки, односно го забрзува процесот на слабеење. Одредени истражувања пак, покажале дека боровинките исто така, штитат од срцеви заболувања и дијабетес.

Во една просечна порција има околу 14 милиграми или 25 проценти од препорачаната дневна доза за витамин Ц.

Овој витамин е неопходен за формирање на колагенот и за одржување на непцата и капиларите. Тој, исто така помага и во апсорпцијата на железо, а со неговото конзумирање се подобрува целокупниот имунолошки систем.

Боровинките се добар извор на диетални влакна, а со оглед на тоа што во нашата исхрана недостасуваат овие влакна, боровинките се препорачани. Диеталните влакна придонесуваат за здравјето на срцето, а го држат и нивото на холестерол под контрола.  Колку протеини навистина му се потребни на организмот? Овие чудотворни топчиња се и одличен извор на манган, а тој игра важна улога во развојот на коските. Боровинките содржат и супстанци кои имаат антиоксидантни својства. Антиоксидансите помагаат во неутрализирање на слободните радикали, кои се нестабилни молекули поврзани со развојот на голем број болести, меѓу кои и ракот, кардиоваскуларните болести и друго.

Боровинките се и партнер во борбата против деменцијата. Редовното конзумирање боровинки го подобрува памтењето, а особено корисни се за постарите лица кои имаат проблем со когнитивната функција.