Рохани го повика Бајден итно да го имплементира Нуклеарниот договор – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/21 3:53 PM

Рохани го повика Бајден итно да го имплементира Нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани го повика претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, на итна имплементација на меѓународниот Договор за иранската нуклеарна програма, јавува Агенција Анадолија (АА).

Рохани, по седницата на кабинетот на Владата на Иран изјави дека Бајден со какво било двоумење за имплементација на Нуклеарниот договор би ја изневерил довербата која американските гласачи му ја дале на изборите.

„Тоа би било измама затоа што гласачите се потпреа на тоа дека Бајден по доаѓањето [на функцијата претседател на САД] ќе ги укине санкциите за Иран и со тоа ќе ги исправи претходните грешки. Дури и по изборите, Бајден постојано повторуваше дека го прифаќа Договорот за нуклеарното прашање и дека ќе ги врати САД на договорот“, рече Рохани.

Рохани изјави дека за оживувањето на Нуклеарниот договор и Иран и САД треба да работат без двоумење.

Нагласувајќи дека Иран не сака да развива нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување, Рохани изјави дека обвиненијата во тој правец се невтемелени и претенциозни.