Вчера попладне на подрачјето на Центар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М. (63) од Бугарија, баран од Интерпол – Софија со меѓународна потерница, информираат од МВР.
-Лицето е осудено на казна затвор во траење од 14 години за кривидчно дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол, велат од Министерството за внатреши работи.
Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведен е во КПУ Затвор – Скопје.