(ВИДЕО) Милвоки загуби од Атланта, но повредата на Јанис повеќе ги загрижува Бакси – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/21 1:28 PM

(ВИДЕО) Милвоки загуби од Атланта, но повредата на Јанис повеќе ги загрижува Бакси

Екипата на Атланта синоќа успеа да направи рибрејк, победувајќи ги Милвоки Бакс со 110:88 и враќајќи ја финалната серија на Истокот во егал. Овосезонското изненадување успеа и без својот најдобар играч, Тре Јанг, да го совлада силниот опонент и да се одржи во живот пред потенцијалното големо финале во НБА против Феникс Санс или Лос Анџелес Клиперс.

Но, поразот на Милвоки не е толку болен, колку што е болна и загрижувачка здравствената состојба на супер-старот, Јанис Антетокумпо. На почетокот од третата четвртина, грчкиот репрезентативец го повреди левото колено и се очекува да го пропушти остатокот од серијата со Хокси.

Од таборот на Милвоки не се оптимистични, а се надеваат дека повредата на Јанис нема да е од сериозен карактер, односно дека не се работи за фрактура на ногата или повреда на лигаментите на коленото. Знаејќи ја историјата на повреди во кошарката, најлошото нешто што може да му се случи на еден играч е повреда од ваков вид.

 

Сепак, победата на Хокси не смее да биде потценета и дискредитирана, со оглед на тоа дека на гостински паркет и без неверојатниот Јанг успеаа убедливо да го „исчистат“ противникот. Ветеранот Лу Вилијамс се претвори во вистински лидер на овој дуел, постигнувајќи 21 поен, пет скокови и осум асистенции. Богдан Богдановиќ со само еден поен помалку брилијираше уште еднаш против „елените“, додека пак Џру Холидеј со 19 поени и Крис Мидлтон со 16 поени, ја предводеа скорерската листа на поразените.

Серијата во која Јанис во просек имаше нешто повеќе од 28 поени и сувишно е да се зборува каков е неговиот импакт врз играта на Бакс, останува во Милвоки, а потоа на четврти јули се префрла во Атланта.

Вечерва во финалето на Западот се соочуваат по шести пат екипите на Феникс Санс и Лос Анџелес Клиперс. Санси со победа резервираат билет за финале, Клиперси доколку извлечат триумф ќе се изборат за „мајсторка“.

 

 

 

Фото:

Twitter / @nypost

Twitter

 

д.ј