Градоначалникот Арбен Таравари денес на средба со новинари беше запрашан за долгогодишниот проблем на Гостивар со депонијата „Русино“ и како тој како татко на општината ќе го реши овој горчлив проблем.
-Проблемот на „Русино“ е огромен проблем на општина Гостивар и не е од сега, туку веќе 20 години. Со невладината организација „Стоп Русино“ седнавме и направивме заеднички план за соработка, има предлог да се дислоцира од таму и има неколку опции. Ние инсистираме што побргу да се дислоцира за доброто на граѓаните и предлагаме да има друга локација во некоја од општините на Полошкиот регион. Колку што знам има две опции, едната е во општина Јегуновце, а другата е во општина Желино. Било која опција општината прифаќа. Има проект во соработка со швајцарската амбасада и ќе направиме се за да имаат помалку штета за граѓаните на Гостивар и да ја дислоцираме, рече тој.
На новинарско прашање што мисли за ставот на Министерството за животна средина дека регионалната депонијата ќе остане и понатаму во Русино Таравари рече:
-Потпишан е договор мегу девет општини од Полошкиот регион, на кој е потпишан и министерот за животна средина, според кој по пет години депонијата ќе се дислоцира и ќе се најде друго прифатливо решение. Ако се модернизира „Русино“ по европски стандарди, ако се реализира побргу, за добробит на граѓаните подготвени сме да разговараме, но вакака како што е не доага в предвид, рече тој.
Во врска со законот за увозот на отпад, дали Македонија има потреба од увоз на отпад и како пратеничката група на неговата партија Алијанса на Албанците во собранието ќе дејствува Таравари со став.
-Не се ни дискутира дали во Македонија треба да се увезе отпад. Вие знаете дека Македонија сама по себе веќе е една легална депонија. Прво треба да ги решат локалните и регионалните депонии кои вријат насекаде низ државвата и треба да се најде решение, а не да се увезува отпад. Значи нашата пратеничка група сигурно ќе биде против тоа. Во Гостивар има една голема дива депонија, но постојат и други кои се обидуваме како општионска администрација да ги решиме, но тоа е сериозен проблем. Додека нема системско решение тоа ќе биде проблем не само за Гостивар туку за сите, рече Таравари.