Изјавата на Ана Паула Закаријаш, португалската државна секретарка за европски прашања, е поприлично несреќна. Добивме уверување од Лисабон дека таа не го отсликува официјалниот став и оттаму изразија жалење во оваа смисла, изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
-И јас и МНР и министерот за надворешни работи имавме во текот на вчерашниот ден многу контакти со Лисабон и португалското претседателство. Укажавме на оваа крајна несоодветност, која беше наведена и во владиниот став и добивме уверување дека изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон, кој останува на линија на поругалскиот предлог и беше изразено жалење во оваа смисла, рече Димитров одговорајќи на новинарско прашање.
Тој потсети дека прашањето за македонскиот јазик е клучно и дека никој нема мандат да помисли и преговара за него.
-Во предлог-преговорачката рамка од Европската комисија во еден параграф се вели дека ќе биде цело европско законодавство преведено на македонски јазик и земјата ќе треба а има доволен број на преведувачи. Дури 80.000 страници се преведени од европското законодавство. Прашањето за македонскиот јазик е клучно. Ниту имаме мандат за тоа да помислиме да преговараме. Во Европа ќе влеземе само во делот на македонскиот народ. Македонци кои зборуваат македонски јазик и го задржуваме правото тоа да го браниме достоинствено, без разлика на какви изјави ќе наидуваме, нагласи Димитров и додаде дека за него изјавата на Закаријаш е поприлично несреќна.
д.ј