Пешачењето е секојдневна навика која има предности, а ретко кој од нас ги користи. Може да биде единствена физичка активност во текот на денот, а сепак да успеете да ослабете, секако со контрола на дневното внесување на калории.
Пешачењето е широко достапен и едноставен начин да ги изгубите вашите килограми, посебно ако вашиот стил на живот подразбира часови поминати во седечка позиција. Освен што помага во согорување на калориите, пешачењето е одличен начин за намалување на стресот. А низ помалку стрес, полесно ќе ослабете.
Еве до што треба да се придржувате ако сакате да ослабете пешачејќи:
Трудете се да пропешачите околу 1500 чекори дневно
Можеби тоа вам ви изгледа како преголема бројка но таа го бележи секој чекор направен во текот на денот. Трудете се да ја достигнете оваа бројка секојдневно. Доколку го засилите интензитетот на пешачењето и навечер тогаш вашите резулатите ќе бидат двојни.
Пешачете барем три пати дневно по 20 минути
На овој начин поедноставно ќе дојдете до посакуваната бројка на чекори. Пешачете после ручек, тоа ќе ја спречи вашата поспаност и ќе бидете попродуктивни во текот на денот.
Брзо пешачете барем три пати неделно
Ова вклучува и трошење калории додека се качувате и по скали. Кога се качувате по скали низ брдо, мускулите ви се активни и вложувате дополнителен напор, на тој начин уште подобро ќе ги обликувате своите мускули, ќе го забрзате метаболизмот и согорувањето на калориите.