Жолто ниво на опасност со температури до 40 степени – ММС
ММС

Објавено на: 06/30/21 7:25 AM

Жолто ниво на опасност со температури до 40 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец со температури од 29 до 40 степени. УВ=9

Денес и утре времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои на југоистокот и вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Согласно очекуваните вредности на температурата насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури.