(ВИДЕО) Кинези изградија десеткатница за 28 часа – поевтина и поотпорна на земјотреси – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/21 6:35 PM

(ВИДЕО) Кинези изградија десеткатница за 28 часа – поевтина и поотпорна на земјотреси

Кинеската компанија изгради 10-катна зграда за само 28 часа и 45 минути во градот Чангша

Ако се прашувавте колку време е потребно да се изгради зграда, компанија од Кина покажа дека е можно да се изгради десеткатница за само 28 часа и 45 минути, додавајќи дека тоа е најбрзата конструкција досега забележана во светот.

Според компанијата, зградата е направена од огромни блокови, кои претходно биле изработени во фабриката на таа компанија, како и дека секој од нив има челична конструкција во која се инсталирани електрични и водоводни инсталации по ѕидовите на кои се завршени внатрешните работи.

Делови од зградата, слични на контејнери за домување, биле донесени на градилиштето, каде што биле опремени и поврзани со зграда од 10 ката, а од компанијата истакнале дека зградата, иако е изградена толку брзо, е отпорна на земјотреси и тајфуни.

– Новата зграда е 10 пати полесна и 100 пати поотпорна на земјотреси и тајфуни од оние направени на конвенционален начин – тврди кинеската компанија, додавајќи дека трошоците за изградба, како и потрошувачката на енергија се неспоредливо пониски.

– Инсталирањето е многу едноставно. Завртките се затегнуваат и се спојуваат електричните и водоводните инсталации и на тој начин зградата е завршена – објави компанијата.

Како што додаваат, и други згради можат да се градат на овој начин, од луксузни резиденции до облакодери со 200 спрата.

Извор: Информер.рс