Лепа Брена и Саша Поповиќ го продадоа „Гранд“ и направија голема журка. Брена призна дека и е жал и дека никогаш нема да го заборави.
– „Гранд“ беше наше дете кое сите заедно го воспитувавме 23 години. Ние го создадовме со нашата креативност, упорна и напорна работа и со многу убов. Нашите вработени луѓе се дел од тој тим и заслужуваат да им се посвети една вечер. Тие беа наши ѕвезди минатата ноќ. Пеевме заедно, плачевме малку … беше многу весело и емотивно. Лајт мотиво беше – „Благодарам, за сите овие години“ – рече Брена за „Блиц“ и додаде:
– Без оглед на тоа што го продадовме „Гранд“, ние секогаш ќе бидеме дел од таа приказна бидејќи сме врзани со луѓе, пријателства, спомени. Почнуваме некоја друга деловна активност, но јас ќе го сметам „Гранд“ за наша куќа во која секогаш сме добредојдени, пишува српски Блиц.
View this post on Instagram