Дали „revenge body“ е најдобрата женска одмазда за поранешнто момче ?! – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/18 2:13 PM

Дали „revenge body“ е најдобрата женска одмазда за поранешнто момче ?!

До следното лето ќе изгледам како милион долари, а ти ќе полудиш од мака што повеќе не сум твоја девојка. Ви звучи ли ова познато?

Феноменот на „revenge body“ е физичка трансформација на девојките кои го преболеле поранешното момче или всушност само се лажат дека е така. Овој синдром се однесува на вежбање во теретана со надеж дека на многу брз начин девојките ќе успеат нивниот физички изглед да го донесат до совршенство, со направени вежби чија цел е совршена задница како и помошни додатоци кои ќе ви помогнат вашето поранешно момче да полуди од мака кога ќе ве види.

Потезите најчесто се документирани на сите социјални мрежи кои ги поседува девојката. Многумина на ова ќе се насмеат и ќе кажат дека ова се навистина глупости. Но дали навистина се глупости доколку овој начин навистина им помага на девојките ширум светот да се опорават од бурното раскинување со момчето ?! – Кога ќе доживеат крај на нивната љубовна врска, девојките го активираат нејзиниот одбранбен механизам кој се труди да излезе од тој период на животот. Сите знаеме колку раскинувањата се болни, посебно оние комплицираните. Овој тренд заживеа благодарејќи на социјалните мрежи.