Луѓето со крвна група Б се силни, со А романтични, со 0 полна со самодоверба и оптимизам – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/21 3:00 PM

Луѓето со крвна група Б се силни, со А романтични, со 0 полна со самодоверба и оптимизам

Нашата крвна група може да открие зошто дејствуваме на одреден начин. Секоја личност наследува крвна група – А, Б, АБ или О (што понатаму се разликува како негативна и позитивна), а со помош на анализа на крвната група, можно е да се создаде психолошки профил на некоја личност.

Исто така постои широко распространето верување дека одредена крвна група може да нè направи повеќе склони кон смртоносни болести или може да нè заштити од нив, а диетата по крвни групи станува сè попопуларна.

Крвна група А
Ако имате крвна група А, имате фантастични одлики, според кетсуеки-гата. Вие сте сериозни, креативни, паметни, резервирани, трпеливи и одговорни. Понекогаш сте малку тврдоглави и ретко дозволувате „работите да ви се прават над грбот“. Вие сте силна и стабилна личност.

Ви е многу тешко да ги искажете емоциите и се плашите да им попуштите. Ви недостасува храброст и ви носи многу штета. Вие сте романтична душа. Во љубовта, вие сте најкомпатибилни со луѓе кои имаат крвни групи А и АБ.

Луѓето ве доживуваат како интензивна личност, а тоа може да биде поврзано со фактот дека луѓето со крвна група А имаат поголемо ниво на кортизол, хормон на стрес, што тече низ нивните вени. Луѓето со крвна група А претпочитаат физичка активност како јога или Таи Чи отколку трчање или кревање тегови бидејќи тие ја намалуваат напнатоста и ризикот од срцеви заболувања.

Предноста на луѓето со крвна група А – тие се помалку привлечни за комарците, покажува истражувањето спроведено од Институтот за технологија за контрола на штетници. Може да се радувате на заштедените пари што нема да морате да ги потрошите на спреј против комарци!

Крвна група Б
Оваа крвна група се развила во жешките савани на Источна Африка и потоа се проширила низ студената висорамнина Хималаите до масите воини кои доминирале во регионот.

Ако имате крвна група Б, вие сте страствени, активни, креативни и силни. Вие сте практична личност и претпочитате да ги правите работите до крај отколку да сонувате. Понекогаш сте малку импулсивни и неодговорни и ви е тешко да им простите на луѓето. Вие сте флексибилни и имате авантуристички дух.

Преокупирани сте со сегашниот момент и не се грижите премногу за тоа што претстои, но штом ќе се заљубите за вас никој друг не постои. Во љубовта, вие сте најкомпатибилни со луѓе кои имаат крвни групи Б и АБ.

Билансот е најважен за луѓето со крвна група Б. Ако одите од крајност во крајност, може да го нарушите ритамот на спиење, да го зголемите ризикот од депресија и отпорност на инсулин, вели др. Peter J. D’Adamo, натуропатски лекар и автор на книгата „4 типови на крв за 4 начини на јадење“. Луѓето со крвна група Б треба да јадат зелен зеленчук и млечни производи со малку маснотии.

Крвна група АБ
Ако имате крвна група АБ, вие сте мирна, рационална и прилагодлива личност. Вие исто така може да бидете критични и неодлучни. Некои луѓе дури мислат дека имате двојна личност. Понекогаш ви треба малку повеќе време да прифатите некои работи.

Живеете според вашите чувства. Затоа понекогаш може да се однесувате наивно. Вашата сродна душа можете да ја најдете во која било крвна група.

Едно истражување, објавено во списанието Неврологија, открило дека луѓето со крвна група АБ имаат 82% поголем ризик од когнитивен пад и се изложени на најголем ризик од губење на меморијата подоцна во животот. Ако имате крвна група АБ, важно е да живеете здрав начин на живот.

Според студија на Универзитетот Харвард, луѓето со крвна група АБ имаат 23% поголем ризик од срцеви заболувања отколку луѓето со крвна група 0. Избегнувајте кофеин, алкохол и пушење. Луѓето од крвна група АБ имаат посилна имунолошка реакција на бактеријата Хеликобактер пилори, што го зголемува ризикот од рак на желудник, вели епидемиологот Густаф Едгрен.

Крвна група 0
Ако имате крвна група 0, вие сте личност полна со самодоверба и оптимизам. Имате силна волја и многу развиена интуиција. Вие сте социјална личност и често сте во центарот на вниманието. Сепак, знаете како да бидете опседнати со себе. Вие исто така може да бидете ладни и непредвидливи.

Во љубовта се однесувате како што работите во деловните активности: вие сте темелни и упорни, без комплекси, дејствувате отворено и самоуверено. Најкомпатибилни сте со луѓе кои имаат крвна група 0 и АБ.

Луѓето со крвна група 0 се многу отпорни на стрес, но кога стресот ќе ги надмине, им е многу тешко да се опуштат, вели д-р Џинџер Наш во списанието „Персонализиран живот“. Затоа, луѓето со крвна група 0 бараат малку поинтензивно вежбање.

Преземено од: https://stil.kurir.rs