Пејачката Јованка Житарова реши летото да го помине во Охрид. Таа заедно со децата Зои и Картер ги спакува куферите и од жештините спас побара крај Охридско Езеро.
-Јас го сакам Охрид во било кое време од годината. Секоја прилика ја користам да заминам во Охрид и затоа не гледам причина сега, кога е најтопло да не бидам таму. Да, точно е дека едно е езеро, а сосема нешто друго е море, но за мене Охрид е незаменлив. Што му недостасува? Се си има, наш си е. Ама пеубав е, монденски е. Забележувам дека странските туристи повторно се вратија во Охрид и нависнина ми е драго. Епа ако тие решиле одморот да го поминат тука, зошто ние не. Наш си е, најубав си е и секогаш ми е иснпирација за нова фотосесија, како што е оваа, вели пејачката.
Таа по олабавување на мерките реши времето да го посвети на децата, кои неколку месеци беа разделени од неа. Затоа и плановите да снима нова песна во мај ги одложи за септември, кога, како што вели, додека се децата на училиште таа ќе може да се посвети на снимање.
-Навистина сакам да бидам заедно со Зои и Картер и навистина уживаме заедно. Тие во мојот живот ја имаат најголемата предност и се кај мене е подредено на нивните желби. Доволно беше да кажат дека сакаат водени лудории и еве веќе сме во Охрид, вели таа.