Нова радосна вест за невестите и младоженците, кои едвај чекаа да се олабават мерките за да го кажат судбоносното-да. Министерот за економија Крешник Бектеши, рече дека е донесена одлука дека свадби може да се организираат и во затворен простор. Ова на сите кои скаат да стапат во брак периодов им дојде како олеснување, со оглед на високите температури, кога многумина од нив сакаат да се веселат внатре под клима.
-На предлог на Министерството за економија Владата денеска донесе одлука од 1 јули свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши. .
Оваа одлука доаѓа само по еден месец откако на предлог на Комисијата за заразби болести од први овој месец по повеќе од една година дозволено е организирање на свадби, прослави и веселби на отворено, односно на летните тераси и тоа максимум до 100 лица, што значи не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот. Според протоколо дозволено е и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.