Патрик Виера се сели во Лондон, но не во екипата на Арсенал – ММС
ММС

Објавено на: 06/29/21 1:43 PM

Патрик Виера се сели во Лондон, но не во екипата на Арсенал

Потрагата по нов тренер во малиот лондонски клуб заврши. Некогашната играчка легенда на Арсенал и француската репрезентација, Патрик Виера, ќе го наследи Рој Хоџсон на кормилото во Кристал Палас, пренесува англиски „The Athletic“.

Раководството на „орлите“ начелно постигналo договор со четириесет и петгодишниот Французин и во следните денови се очекува официјализирање на стратегот на клупата на клубот од јужниот дел на Лондон.

Виера професионалната тренерска кариера ја започнува во младинските категории на Манчестер Сити, а во 2016-та година станува главен тренер на Њу Јорк Сити, своевидната филијала на Сити во МЛС лигата. Две години подоцна тој се сели во француска Ница, но не забележува посериозни резултати. Неговиот договор во Ница завршува во декември, 2020-та година.

 

 

Фото:

Twitter