Дру Баримор неодамна во една емисија зборуваше за една необична ситуација од минатото на семејството.
Гласините кои кружеа скоро 80 години се покажаа како точни. Дедото на актерката Џон починал во 1942 година, а пријателите го украле од мртовечницата и го однеле на забава, каде што го ставиле на маса за покер да ја игра последната партија.
– Се надевам дека моите пријатели го направат истото за мене. Мислам дека смртта доаѓа со премногу тага и јас го разбирам тоа, но мојата желба би била, ако е во ред, да бидат среќни и славенички располоѓени, и на мене да ми организираат забава – рече актерката и истакна дека настанот служел како инспирација за сцената во филмот „Кучешки синови“ (ЅОВ) во 1981 година.
Во тоа време Џон Беримор беше театарски актер, а водителот на шоуто откри дека за оваа кражба е одговорен холивудскиот актер Ерол Флин, комичарот В.С. Филдс и поетот Садакичи Хартман.
Извор и фото: srbijadanas.com