Премиерот на Шведска, Стефан Левен, поднесе оставка од премиерската функција, нагласувајќи дека не добил доверба во Парламентот на 21 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).
Левен на прес-конференција соопшти дека дал оставка од функцијата, додавајќи дека во случај претседателот на Парламентот да му го врачи мандатот, тој самиот би бил кандидат за формирање на Владата.
„Не е добра опција да се оди на предвремени избори во период на пандемијата на новиот вид коронавирус. Повторно се кандидирам за формирање на Влада“, рече Левен.
Инаку, Владата на Левен не доби доверба за време на интерпелацијата што на 21 јуни ја поднесе партијата Шведски демократи.
По оставката на Левен, се очекува претседателот на Парламентот, Андреас Норлен, од наредната недела да реализира средби со политичките партии во врска со мандатот за формирање на Владата.