За прв пат во историјата, каратето стана олимписки спорт и за прв пат Македонија ќе има своја претставничка. Привилегијата на овие игри и припадна на прилепчанката Пулексенија Јованоска која ќе настапува под македонското знаме на Олимписките игри во Токио . Јованоска во 2019 беше избрана за спортист на годината и, како што таа вели за ММС, за неа тоа е најголемото спортско признание.
-Навистина ми беше драго, од секогаш сонував за големи признанија, тоа е една од моите желби уште од почетоците на мојата приказна во спортот. Ми значи пред се за да продолжам уште по посветено да се вложувам во спортската кариера. Да бидам уште по упорна. Ме мотивира и секако ми дава одговорност да продолжам со исто темпо за уште поголеми успеси, изјави Пулексенија и откри кога започнала љубовта кон овој спорт и што оваа десциплина ја научило во животот.
– Првиот тренинг во сала е од мои шест години. Од тогаш до денес трае мојата поврзаност со каратето. Љубовта се роди уште кога ги “освојував” основните скалила во каратето, полагање, појаси.. Од тогаш до денес јас останав во тој спорт. Љубопитноста за тоа што е карате, што претставува одбрана, а во исто време почит и хиерархија. Преку карате учев, растев и се развивав. Каратето не учи за психофизички раст преку победи и порази, преку неправди. Од карате научив како е да победуваш, да губиш и да продолжиш напред. Научив за истрајност, за верба во себе, верба дека напорната работа секогаш се исплаќа, признава првата учесничка на Олимпијадата.
Не залудно велат дека преку спортот личноста расте и се развива пред се во здрав човек, но и човек кој учи како е да се падне, и како по поразот може цврсто да се застане на нозе и да се продолжи кон целта без да се гледа назад и да дојде до посакуваната цел. Исто така Плуксенија откри дека каратето ја научило како да се биде упорен и истраен во животот.
– Дефенитивно преку каратето израснав во една упорна и истрајна личност. Каратето е дисциплина која бара уживање во сооднос со максимална физичка спремност и техничка прецизност. Овој спорт е идеална спојка на мојот темпераментен карактер и дисциплината што ја бара каратето, затоа и се пронајдов. Затоа уживам кога сум на татамите. Така и со животот, има ситуации кога треба да останеме смирени и трпеливи, а да се бориме без да се откажеме . Да излезеш на борилиште под притисок, со адреналин со мотивација и желба, а во исто време да си сконцентриран и фокусиран. Општо познато е дека за да си спортист мора да си борец, да имаш лавовско срце. Да знаеш за “загризеш” кога е најтешко. Спортот игра најважна улога за правилен психофизички раст и развој кај еден човек, вели таа и додаде како самоконтролата која ја научила преку спортот знае да и донесе правилно донесување на секоја одлука, без притисок па дури и во најтешките моменти да донесе разумна одлука.
– Самоконтролата која што ја научив преку каратето е една од најмоќните “алатки” за комуникација со луѓето. Да се постигне самоконтрола значи да ја погледнеш ситуацијата неколку пати, значи да не однесуваш избрзани одлуки и одговори, да не даваш отсечни реплики под притисок на моментална емоција. Да не покажуваш револт, тага и разочараност кога губиш. Целата ова теорија се постигнува со многу порази, многу разочарувања во пракса, вели Јованоска и раскажа низ кој пат таа поминала за да стаса до најпрестижните игри во светот на спортот.
– Патот до Олимписките игри беа сите овие години зад мене. Од моја најрана возраст. Кога за првпат освоив младински медал од светски куп. Моментот кога станав Балкански Шампион. Подоцна Европскиот медал во млади сениори. Сите мои успеси во континуитет пред се ме донесоа до таа Олимписка стипендија. Неколку пати бев на чекор до европски медал. Двапати петто пласирана на Сениорски европски првенства.
Секој спортист се стреми кон успеси, сака да биде најдобриот во својот домен, најпрофесионален, но секогаш тој спортист сонува да замине на Олимписките игри и да ја преставува својата земја. Тој сон го има и нашата каратистка кој сега станува реалност.
– Олимпијада! Самиот збор носи тежина. Сон на секој спортист. Да бидеш меѓу елитата на спортот.
Заедно со сите светски имиња. Пред се голем предизвик. За мене како спортистка со резултати во контонуитет ова некако ќе ги заокружи сите макотрпни години, сите неправди од спортот и целата моја посветеност. Секако носам одговорност за луѓето кои веруваа во мене и ми ја дадоа ова шанса, тимот на олимпискиот комитет. Очекувам да дадам се од себе, да бидам максимално фокусирана.
И најважно да се претставиме во најдобро светло јас и мојата федерација, изјави Пулексенија и воедно се заблагодарува на својот тим кој верува во неа.
Убавата прилепчанка вели дека секое неверување во неа и преставува вистиски мотив за следните успеси и инспирација црпи од моментите на радоста и чуството дека успеала во својата цел.
– Мотив добивам обично од луѓето што не веруваат во мене. Луѓето кои што често знаат да кажат “нема да успееш”. Фала им што постојат! А инспирација секогаш црпам од моментите на радост, чувството дека си успеал, како е кога успеваш, кога победуваш. Инспирација ми е уживањето кога носам кимоно. Моќта што ја чуствувам кога сум успешна во “машки” спорт, вели младата каратиска која за време на пандемијата имала време за одмор и да ги наполни батериите за следните натпревари за кои мора да биде подготвена.
-Пандемијата искрено ја поминав позитивно, повеќе време имав за одмор. Одморив од брзото темпо на натпревари. Ја освежив формата. И повеќе се посветив на карате тренинг, визуелизации, анализи на натпреварувачи и физичка подготвеност, вели таа и се присети на Премиер Лигата во Токио во 2019 година каде таму ги доживеала нејнеобичните натпревари.
-Промена на толкава временска зона, храната, начинот на функционирање во нивното секојдневие.
Апсолутно се беше различно. Беше чудно и ново. Во исто време толку многу импресии и спомени.
Салата во која ќе се одржат олимписките игри. Дефенитивно би ја издвоила Јапонија, ни откри Јованоска која моментално целиот фокус и мисли и се насочени кон Олимпијадата, па за сега не се оптоварува на кое ниво ќе ја насочува карирата.
-Секако дека знам што сакам после Олимпијада, имам поставени цели, планови и идеи што сакам да ги реализирам. Во секој случај ќе бидам дел од спортот и понатаму, рече македонската учесничка на Олимписките игри во Токио.
Весна Петровска