Во книгата што ја објави Aца Лукас зборува и за Лепа Брена и ја обвини дека го нарекла наркоман во моментот кога ја тешела неговата сега веќе поранешна сопруга Соња Вуксановиќ, со која Лукас бил разведен во тоа време.
Аца изјавил дека Лепа Брена смета дека е лут на неа затоа што таа ја запознала Соња во нејзината наводна авантура – со познат српски кошаркар, кој играл во Америка, сепак, како што наведува, неговиот гнев бил поттикнат од нешто друго.
– Кога се иселив, Соња ги собра своите пријателки во мојата куќа на Бежанијска коса. Тие пиеле кафе и зборувале. Една од нив ми испрати видео од Брена како ја теши Соња. „Што се нервираш, што ќе ти е тој клошар и наркоман“ – напиша Лукас и додаде:
– Брена сè уште смета дека сум и лут поради Мајами (белешка на авторот: славниот кошаркар со кого Соња била во шема, според Лукас). Не. Прво: жена ми не е ретард на која некој треба да мести мажи. Второ, многу поважно: Брена дојде во мојата куќа и ја галеше ќерка ми, за чиј татко мисли дека е клошар и дека е безвреден зависник од дрога.
Покрај тоа, тој раскажа дека бил поканет на свадбата на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ. Како што наведува Лукас, и покрај тоа што јавно ја прозвал Лепа Брена, тој сепак добил покана за венчавката на годината.
„Ацо, те поканувам да ми дојдеш на свадба“, ми напиша Филип. Нелогична ситуација. Не разговарам со Брена, сешто зборував за неа во медиумите, пишував на мојот профил, и тие ме покануваат на свадба?! Филип е само фигура тука, Брена е главната, а Филип е нејзин портпарол. “Ви благодарам Филип за повикот. Но, имам еден услов”. Тој ме праша „Кој услов“ и јас одговорив „Условот е да не дојде Брена на свадбата“. Потоа почна двонеделна дипломатска игра со задача да се донесе на свадбата Аца жив или мртов – напиша пејачот во книгата.
Извор и фото: pulsonline.rs