Палестинска музичка група одржа концерт на урнатините од израелските напади врз Појасот Газа – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 10:00 PM

Палестинска музичка група одржа концерт на урнатините од израелските напади врз Појасот Газа

Рауф ал-Белбиси, солистот на музичката група „Медах ел-Камар“, ја испеа националната химна и одржа концерт на остатоците од зградата „Еш-Шурук“ уништена во израелските напади, јавува Агенција Анадолија (АА).

Концертот беше одржан во соработка со палестинското Министерство за култура и Центарот за позитивна енергија во Газа.

Тахрир Муртеџа, директор на Центарот за позитивна енергија, во изјавата за Агенција Анадолија истакна дека концертот е одржан за осуда na злосторствата извршени од Израел во Појасот Газа.

Наведувајќи дека уметноста е важна алатка за обраќање кон светот, Муртеџа рече:

„Овој концерт, што се одржа меѓу остатоците, ја носи пораката дека во Газа, која е нападната со години, сè уште извира надежта и дека регионот продолжува да сака живот.“

Најмалку 254 Палестинци, од кои 66 деца и 39 жени, го загубија животот во 11-дневните напади во Газа, што Израел ги започна на 10 мај.