Во полошко нема нарушувања на јавниот ред и мир, како и насилства и инциденти со меѓуетничка димензија – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 8:13 PM

Во полошко нема нарушувања на јавниот ред и мир, како и насилства и инциденти со меѓуетничка димензија

Во полошко нема нарушувања на јавнит ред и мир, како и насилства и инциденти со меѓуетничка димензија. Од СВР Тетово велат дека причината за намалените вакви инциденти се и кај нивните превентивни проекти, експертите пак сметаат дека корона кризата е главниот виновник за ваквата бројка.

Податоците говорат дека лани немало ниту еден, а годинава само еден инцидент со меѓуетничка димензија.

Експертите пак велат дека секое заедничко зло на некој начин ги зближува луѓето за момент да подзаборават на нивната етничка супериорност.

-Луѓето ги губат тие алчности што ги имаат меѓусебе, бидејќи имаат еден заеднички поголем пријател сите етнички групи, па така некако и спласнува таа гордост етничка и ги смирува страстите, истакна Агим Пошка, универзитетски професор по мултикултурализам.

Тој вели дека инцидентите од ваков карактер ќе ги има како и во сите мултиетнички општества, а како еден од главните фактори ги посочи политичарите како носителите на јавните функции кои обично пред избори знаат да играат на меѓуетничка карта за добивање на политички понуди, кога и немаат што да понудат пред своите граѓани за подобар живот.

 

Зоран Димовски