Русија ги негира наводите за улога во убиства и грабежи во Централноафриканската Република – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 5:40 PM

Русија ги негира наводите за улога во убиства и грабежи во Централноафриканската Република

Русија денес ги негираше јавувањата на американските медиуми дека руски воени советници учествувале во убиства на цивили и во грабежи во Централноафриканската Република, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ова е уште една лага на западните медиуми“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Претходно, американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“ објави напис, тврдејќи дека експертите на ОН подготвиле извештај, во кој се наведува дека руските воени советници учествувале во злосторства во Централноафриканската Република.

Во декември минатата година, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва испратила дополнителни 300 инструктори за обука на војниците на Централноафриканската Република за борба против вооружените групи.

Според Министерството, повеќе од 500 руски инструктори и советници легално работат во Централноафриканската Република со дозвола на ОН.