Олабавувњето на мерките си го направија своето. Македонците решија да ги спакуваат куферте и да заминат на песочните плажи. Многумина оваа година се одлучија за Албанија и Црна Гора. Граѓаните најмногу за овие две дестинации се одлучуваат поради тоа што овие земји не бараат ниту ПСЦ тест ниту сертификат за вакцина.
Најмногу од туристите ја избираат Будва, кој важи за центар на туризмот во Црна Гора, монденски плажи, богат ноќен живот и стариот храд кој ги воодушевува туристите.
Будва пред пандемијата беше горе-долу со пристојни цени за македонскиот стандард, но по ковид кризата не е веќе исто.
ММС според информациите на наши туристи се обиде да најде информација за тоа колку ќе чини еден ден поминат во овој приморски град, со најнеопгодните намирници, без луксузирање.
Да почнеме од основите цени! Две лежалки во прв ред чиниат 10 евра, а ако не успеете да зафатите лежалка во прв ред, тогаш за погорните редови за две ќе платите осум евра без пијалок. Цената на кафињата се движат до 1.60 до 3.00 евра во зависност од тоа во кое кафуле или шанк на плажа го пиете. Истото важи и за пивото и коктелите. Пивото е од 2.50 до 6.00 евра, а коктелите се по 6 ипол евра.
Туристите од континенталните држави, како што е напшата најмногу на одмор одат заради морето. Па ако сте од оние кои сакаат целиот ден да го поминат на плажа, каде ќе морате и да ручате, угостителите велат дека и храната е малку поскапа од пред пандемијата. За пица ќе платите осум евра, порција ќебапи чинат седум евра. Пет ипол евра чини порција пилешки крилца, цезар салата чини 8 евра, додека за освежување со овошна салата мора да се издвојат шест евра.
Најмалите најмногу се радуваат не само на морето, туку и на сладоледот. А тој, секако има различна цена во зависност од видот. Сладолед на корнет чини само едно евро, но сладолед во топпка, по желба чини од 1.50 па нагоре според намирниците кои ќе ги одберете.
Значи еден ден скромно, доколку се исклучи плаќањето за сместување и превоз во Будва ќе ве чини околу 37 евра од ден.