Организаторот на Летните олимписки игри во Токио ќе дозволи 10.000 гледачи од Јапонија да присуствуваат на настаните во текот на двете недели додека трае собирот на најдобрите, пренесе Би-Би-Си.
Иако присуството на гледачи од странство е забрането, организаторот рекол дека домашните гледачи ќе можат да присуствуваат на олимписките настани, но не повеќе од 50 посто од капацитетот на седиштата.
Би-Би-Си објави дека според протоколот на трибините ќе биде забрането викање и гласно зборување, односно гледачите цело време ќе мора да носат маски на лицето.
Извор: bbc.co.uk/sport