Алкохолот и топлото време не се добри сојузници: Д-р Јевтиќ предупредува на можни компликации – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 12:40 PM

Алкохолот и топлото време не се добри сојузници: Д-р Јевтиќ предупредува на можни компликации

Високите температури претставуваат ризик фактор за зголемена раздразливост, намалено внимание и општопроменета свесна состојба – предупредува докторката Даниела Јевтиќ. Во изјава за српскиот јавен сервис таа алармира дека алкохолот и топлото време не се добри сојузници.

„Сето она на што предупредуваме, луѓето треба да го имаат меморирано во главата – дека при високи температури се зголемува ризикот за намаленото внимание, губење на течности од организмот и слично. Сето ова води кон компликации“, додава д-р Јевтиќ.

Извор:    rts.rs