Голем број на заразени од морбили во Дебар – лекарите советуваат на поголема претпазливост – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/18 1:28 PM

Голем број на заразени од морбили во Дебар – лекарите советуваат на поголема претпазливост

Голема е бројката на заразени од морбили во Дебар. Последните податоци говорат дека во овој град каде има прогласено епидемија на мали сипаници има 36 заразени од ова заболување.

Речиси сите заболени од Морбили од Дебар се пуштени на домашно лекување. Во последниве неколку денови се чуствува намалување на интензитетот на болеста.

Во околните градови, на пример во Гостивар, нема заболени од морбили. Но, тамошните лекари апелираат на поголема внимателност поради прогласената епидемија во нивниот соседен град Дебар, но и поради честите посети на нивните граѓаните во соседните земји, каде во некои градови има прогласено епидемии.

Докторите потсетуваат дека морбилите се едни од најзаразните заболувања, а вакцината е најефикасниот начин на заштита. Доктор Огњановски смета дека само лицата кои ги примиле двете дози на вакцни, односно на тринаесетмесечна и на шестгодишна возраст се заштитени од Морбили.

Последните случаи на морбили во Гостивар се регистрирани во 2011 година кога имаше седум заболени. Сепак докторите уште еднаш апелираат на поголема внимателност, затоа што поради антивакцина кампањата, голем број од родителите одбиваат да ги вакцинираат децата против Морбили, иако преставува најдобра одбрана против ова заразно заболување.