„Може дa ми се фатите “ – Плус сајз манекенката Луција прозборе за темната страна на животот – ММС
ММС

Објавено на: 06/28/21 12:34 PM

„Може дa ми се фатите “ – Плус сајз манекенката Луција прозборе за темната страна на животот

Инфлуенсерката која зборуваше за мрачната страна на славата -„Сè имаше таму, особено корупција, алкохол, дрога, лажна смеа и нож во грб“, денес се обидува да ги мотивира нејзините следбеници да работат на себе и да бидат позитивни.

– Ова е за луѓе кои поддржуваат омраза кон дебелите луѓе, за оние кои мислат дека знаат сè за нечие здравје ако само го погледнат човекот и за оние кои мислат дека секој што надминува одредена дебелина промовира дебелина. Поздрав! Можеш да ми го бакнеш задникот! – напиша Луција во моќната порака.

По се изгледа успеала во својата цел бидејќи коментарите под нејзините објави веднаш почнаа со пофални зборови и зборови со поддршка.

– За мене ова е вауу. Мислам дека секој од нас треба да се сака себе си, исто како што не создал Бог со своја слика и прилика. Сепак, овие социјални мрежи ни наметнуваат само „совршености“ и многу од нас всушност се губат во сето ова. За жал, браво Луција за оваа објава стоеше еден коментар на објавата.

– Браво, не сме кукли од излог, се нижеа коментарите со поддршка.

– Знам дека многу жени никогаш нема да можат да објават ваква фотографија затоа што се оптеретени со тоа што ќе каже општеството и како општеството ќе реагира … Ми требаше и мене, особено по породувањето, но сега со насмевка на лицето кажувам, можеби на некому ќе му помогне. Некој ќе се опушти. Некој ќе почувствува дека припаѓа. Некој првпат ќе облече дводелен костум за капење ова лето, а јас сепак тврдам дека на едноделното не му недостасува апсолутно ништо! – напиша таа и додаде:

-Моето тело е мојот храм. Беше дом за најголемото богатство на овој свет, но и понатаму е мојот дом. Го сакам моето тело и му се восхитувам затоа што мина низ се, напиша Луција во објавите на соијалната мрежа Инстаграм.

 

Извор: 24сата.хр

Фото: Инстаграм