Според СДСМ локалните избори и пописот можат да течат паралелно, нема потреба од одложување – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/21 4:20 PM

Според СДСМ локалните избори и пописот можат да течат паралелно, нема потреба од одложување

Според СДСМ нема потреба да се одложат ниту пописот, ниту локалните избори, бидејќи тоа се два процеса кои течат паралелно.

Стефан Васев денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно пописот да се злоупотреби поради локалните избор, рече дека пописот е статистичка операција која не треба да се политизира.

– Нема потреба, тоа е статистичка операција и никако не смееме да дозволиме да се политизира нешто што мора да го направиме, впрочем и договор е помеѓу двајцата лидери дека на тој датум ќе се одржат, односно во тој период ќе се одржи статистичката операција – спроведување на попис и мислам дека коректно е од политичарите, пред се мислам и на Мицкоски затоа што најчесто од нивна страна доаѓа политизирање на одредени аспекти за пописот да не се користат за политички цели, рече Васев.