ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира еколошката такса за горивата, за нив тоа е „кризен данок“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/21 2:58 PM

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира еколошката такса за горивата, за нив тоа е „кризен данок“

Еколошката такса за горивата од 4,13 денари по литар која ја најави премиерот Зоран Заев, опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе ја блокира во Собранието „користејќи ги сите демократски начини и алатки“. Според нив поскапувањето не е еколошка такса туку кризен данок.

Како што наведе портпаролот на партијата Димче Арсовски на прес-конференција, овој данок не само што директно задира во џебот на граѓаните, туку ќе повлече и низа други поскапувања.

-Едно семејство со овие наметнати давачки за литар гориво директно од СДСМ месечно ако троши еден резервоар од 40тина литра во својот автомобил, давачките се покачени во просек за 600 денари по семејство. Македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, само за да го покријат задолжувањето и непродуктивните трошоци на оваа влада, а само во последната година бензините се кренаа од 50 денари по литар на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар на 63 денари и за сето ова лично е виновна владата, СДСМ и Зоран Заев, рече Арсовски.

Тој потенцира дека ваквиот ценовен шок ќе ги покачи сите давачки во превозниот сектор. Транспортерите ќе бараат реално покачување на картите за патниот превоз и тарифите, но ќе се покачат и сите останати давачки.