Пет починати и 156 исчезнати лица по уривањето на станбената зграда во Мајами – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/21 9:55 AM

Пет починати и 156 исчезнати лица по уривањето на станбената зграда во Мајами

Бројот на починати по неодамнешното делумно уривање на станбена зграда во Мајами се искачи на пет лица, додека бројот на исчезнати постојано се зголемува и сега се трага по 156 лица, соопштија властите на сојузната држава Флорида.

Дел од 40 годишната дванаесеткатница се урна во четвртокот, а трагањето по исчезнатите беше отежнато во саботата поради пожарот кој изби во рушевините.

Меѓу исчезнатите има државјани и на Канада, Аргентина, Уругвај и Парагвај.

Засега се уште не се познати причините за рушењето на зградата, но градските власти соопштија дека зградата според извештајот од 2018 година имала големи оштетувања на структурата и пукнатини во ѕидовите на подрумот.